Образование

Дополнителното образование се однесува на секое учење или обука што се одвива по
завршувањето на формалното образование и се стреми кон стекнување нови
вештини, знаења или квалификации за подобрување на кариерни изгледи, личен
развој или експертиза во одредена област. Овој тип на образование може да има
многу форми и може да биде насочен кон различни цели, вклучувајќи напредување во
кариерата, промени во кариерата или личен интерес.
Согласно Програма за „Професионални тренери за возрасни“ верифицирано со Акт 09-
565/7-10.12.2013 добиена од Центар за Едукација на возрасни АЛГОРИТАМ, Скопје,
Македонија, СЛАГОР Конслатинг испорачува сертифицирани обуки за:

  • Сертифицирани обуки за проектен менаџмент-Project Cycle Management, со практична работа на конкретна апликациона форма, согласно критериуми од јавен повик, вклучувајќи и Концептна Нота; креирање на буџет; реализација на проект, известување, комуникација и видливост;
  • Сертифицирани обуки за управување со лични финансии со модули за:
    – „Планирај ја својата иднина“
    – „Управување со долгови“
    – „Тренинг за тренери за лични финансии“
    – “Лични финанисии за деца“
  • Сертифицирани обуки за стратешко планирање
  • Сертифицирани обуки за мониторинг и евалуација

Согласно Акт 09-565/7, СЛАГОР Консалтинг со своите експерти, може да креира курикулуми, содржини и работни материјали со широка лепеза на обуки и дополнително образование за потребите на нашите клиенти, партнери и соработници

Со кликање на копчето "Се согласувам" или со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да ги зачуваме сите колачиња („cookies“) за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. За повеќе информации проверете на Политики. We are committed to protecting your privacy and ensuring your data is handled in compliance with the General Data Protection Regulation (GDPR).